23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден: Ќе изградиме привремени силоси на границата со Украина за извоз на...

Бајден: Ќе изградиме привремени силоси на границата со Украина за извоз на жито

Соединетите држави работат на план за извлекување жито од Украина со железница, но истакнаа дека ширините на железничките пруги на Украина се различни од оние во Европа и дека житото мора да се претоварува во различни возови на границата, наведува британската агенција.

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави изградба на привремени силоси долж границата со Украина со цел да се помогне извозот на житни култури.

„Тесно соработувам со нашите европски партнери за пласирање на пазарот 20 милиони тони жито заробено во Украина, што би помогнало да се намалат цените на храната. Бидејќи не може да помине низ Црното Море, ќе изградиме привремени силоси на границите на Украина“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден ја бранеше својата економска политика на Конвенцијата на Сојузот на американските синдикати што се одржа во Филаделфија во време кога на Волстрит расте стравот од рецесија.

„Волстрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради оваа земја. Веќе не сакам да слушам лаги за непромислено трошење. Ги менуваме животите на луѓето“, рече Бајден, додавајќи дека доколку инвестициските банкари штрајкуваат, нема да се случат големи промени во американската економија, пренесува Гласот на Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП