25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГерманците го воскреснаа тенкот „Пантер“: Тенкот на иднината што ќе го промени...

Германците го воскреснаа тенкот „Пантер“: Тенкот на иднината што ќе го промени бојното поле(ВИДЕО)

Познатиот германски производител на оружје Рајнметал го претстави новиот главен борбен тенк на изложба во Париз.

Возилото го доби прекарот „Пантер“, како еден од најдобрите тенкови во нацистичка Германија.

Главното оружје на тенкот е топ од 130 милиметарски калибар со оптимизирани сензори за стрелачот, а „Рајнметал“ истакнува дека КФ51 „Пантер“ е најсмртоносниот тенк на денешното бојно поле, пренесува РТС.

„Пантерот е прв од ваков вид. Радикално поинаков концепт на главниот борбен тенк, кој не е ограничен со застарена технологија“, наведува „Рајнметал“.

Освен што е смртоносен, „Пантер“ е дизајниран и да обезбеди високо ниво на безбедност на екипажот со активна, реактивна и пасивна заштита, како и посебен систем дизајниран против напади одозгора, што е најголемата слабост на денешните тенкови.

„Пантерот е и целосно дигитализиран главен борбен тенк, дизајниран во согласност со стандардот NGVA. Покрај тоа, системот за ракување и складирање на муницијата е целосно автоматизиран“, посочува производителот.

Извршниот директор Армин Пејпергер исто така изјави дека ова е првиот главен борбен тенк што „Рајнметал“ самостојно и целосно го развил, додавајќи дека „Пантер“ целосно ќе ја промени ситуацијата на бојното поле.

Напредниот систем за нишанење обезбедува 50 проценти поголем ефективен дострел од претходниот стандард на НАТО од 120 милиметри. Има и митралез од 12,7 милиметри.

„Пантер“ ќе има можност и за лансирање „Херо 120“, тип на самоубиствен дрон, кој може да чека некое време во воздухот и да се урне кога ќе види непријателска цел.

„Рајнметал“ ќе биде подготвен да започне сериско производство на нов борбен тенк во следните 30 месеци, кога компанијата ќе почне да ги прифаќа првите нарачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП