17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина тврди: „Од Западот добивме само 10 отсто наоружување“

Украина тврди: „Од Западот добивме само 10 отсто наоружување“

Заменик-министерот за одбрана на Украина, Ана Малијар, денеска изјави дека Киев од Западот добил само 10 отсто од оружјето што му е потребно.

„Колку и да вложи труд Украина, нема да можеме да ја добиеме војната без помошта на Западот. Добивме само 10 отсто од она што го кажа Украина, од она што ни треба“, изјави Ана Малијар за украинскиот канал ТВ 24.

Претходно, министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека првичното барање на украинските војници за артилерија на НАТО од калибар 155 мм е исполнето 90 отсто.

Според него, расположливото оружје би било доволно за Киев да се бори против која било војска во Европа, но не и против руската.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија.

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, истакна дека „пумпањето“ на Украина со оружје од Запад не придонесува за успех на руско-украинските преговори и дека тоа ќе има негативен ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП