6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо Европа откриени 52 нови видови на дрога

Во Европа откриени 52 нови видови на дрога

Нелегалното производство на дрога вртоглаво расте низ Европа, објави Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (EMCDDA).

Во извештајот на таа институција се наведува дека во текот на 2021 година биле откриени 52 нови психоактивни супстанци.

„Дрогата никогаш не била толку достапна, а нови моќни супстанции продолжуваат да се појавуваат… секој може да биде засегнат, директно или индиректно“, рече директорот на ЕМЦДДА, Алексис Гуздил.

Новите дроги произведени во европските лаборатории вклучуваат амфетамини и метамфетамини, синтетички опиоиди и синтетички канабиноиди, се вели во извештајот.

Околу 350 капацитети за производство на дрога беа пронајдени и уништени во 2020 година, пред се во Холандија и Белгија, а во ЕУ беа запленети рекордни 213 тони кокаин, забележува агенцијата, повикувајќи ги европските земји да ја засилат контролата на дрогата.

Во извештајот се вели дека конфликтот во Украина и повлекувањето на НАТО од Авганистан најверојатно ќе влијае на трговијата со дрога, изложувајќи повеќе луѓе на дрога, особено оние кои претрпеле „сериозен психолошки стрес“ за време на војните. Со оглед на приливот на бегалци од Украина, здравствените услуги во пограничните земји најверојатно ќе бидат искористени до крајни граници, се вели во соопштението.

Во Украина, конфликтот најверојатно ќе создаде нови патишта за шверц, бидејќи трговците со луѓе се обидуваат да „избегнат области со засилени безбедносни мерки“, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП