16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК: Глобалното производство на нафта се намали во мај

ОПЕК: Глобалното производство на нафта се намали во мај

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) соопшти дека глобалното производство на нафта паднало за 150.000 барели дневно во мај во однос на еден месец претходно на речиси 98,75 милиони барели.

Според месечниот извештај за нафтениот пазар на ОПЕК, дневното производство на сурова нафта на членките на оваа организација во мај е намалено за 176.000 барели во однос на претходниот месец и изнесува вкупно 28,05 милиони барели, пренесува Анадолија.

Уделот на ОПЕК во глобалното производство на нафта беше 28,9 отсто, во однос на 29 отсто во претходниот месец.

Во овој период, производството на сурова нафта во рамките на ОПЕК најмногу се зголемило во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, а Либија, Нигерија и Габон се земјите каде производството на сурова нафта се намалило најмногу.

Дневното производство се зголеми минатиот месец за 60.000 барели во Саудиска Арабија, 31.000 барели во ОАЕ и 27.000 барели во Кувајт во споредба со претходниот месец.

Производството падна за 186.000 барели во Либија, 45.000 барели во Нигерија и 32.000 барели во Габон.

Во истиот период, дневното производство на нафта во земјите кои не се членки на ОПЕК се зголеми за 23.000 барели, на приближно 70,2 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП