25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Нето добивката поголема за 5 проценти

Газпром: Нето добивката поголема за 5 проценти

gazprom2

Најголемиот производител на гас во светот, руската компанија „Газпром“, објави во вторникот дека во првиот квартал од 2013 година ја зголемила нето добивката за пет проценти, на 380,7 милијарди рубљи (11,4 милијарди долари).

Поголемата добивка се темели на 19-процентното зголемување на нето приходите, чиј пак главен мотор е 25-процентното зголемување на продажбата на основниот производ на компанијата – гасот во тој период, се наведува во соопштението.

Продажбата на гас во Европа и во други земји силно пораснала врз основа на зголемениот обем на продажба, додека пак, нето продажбата во државите од поранешниот Советски сојуз паднала. Во матичната Русија продажбата е благо зголемена, за четири проценти.

Се чини дека на компанијата и помогнало невообичаеното ладно време во Европа во првите месеци од 2013 година, кога се покрива четвртина од продажбата.

Во целата 2012 година, „Газпром“ остварил 38 милијарди долари нето добивка, што претставува пад од 10 проценти во однос на претходната година.

Компанијата која ја контролира Русија, а е изградена на темелите на министерството за гас на поранешниот Советски сојуз функционира како камен темелник на модерната руска држава и е клучен извор на странски приходи.

Русија е најголем акционер и држи нешто повеќе од 50 проценти од темелниот капитал на „Газпром“. Компанијата контролира 18 проценти од светските резерви за гас и 14 проценти од вкупната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП