5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија со пакет антиинфлациски мерки од 28 милијарди евра

Австрија со пакет антиинфлациски мерки од 28 милијарди евра

Австриската влада денеска претстави нов пакет мерки против трошоците за живот во вредност од 28 милијарди евра за периодот 2022-2026 година.

Целта на мерките е да се растоварат финансиски широки кругови од населението и да им се помогне на луѓето со ниски приходи што е можно поефикасно и без бирократија. Пакетот вклучува еднократна помош и длабоки структурни реформи.

Владата си постави задача „да му го врати на народот она што му го одзеде инфлацијата“, рече канцеларот Карл Нечамер на прес-конференција утринава. Пет од 28 милијарди се наменети за брзи мерки за помош, а една милијарда ќе и помогне на економијата.

Брзите мерки за помош на домаќинствата вклучуваат удвојување на „климатскиот бонус“, кој ќе се исплати во октомври и треба да ги поттикне луѓето да се однесуваат со цел да се заштити климата. Обезбедени се 500 евра за секој возрасен и 250 евра за деца. Дополнителни еднократни бенефиции добиваат и семејствата со деца и лицата со ниски приходи. Во иднина, социјалните надоместоци и детските додатоци ќе се приспособуваат на инфлацијата. За секое дете во август ќе се плаќа по 180 евра, покрај детскиот додаток.

Семејствата со деца добиваат по 2.000 евра еднаш по дете, а за 500 евра е зголемена сумата која е планирана за почетокот на годината. Зголемен е и износот што може еднаш да се одземе од годишниот данок.

Мерките предвидуваат и други еднократни бенефиции, како што се таканаречените ранливи групи – невработените и пензионерите со ниски пензии, да добиваат еднократни 300 евра. Финансиска помош се обезбедува и за адолесцентите кои освен што учат на училиште, учат и занает.

Надомест за трошоците за енергија е предвиден за претпријатијата во земјата, компаниите со енергетско интензивно производство ќе добијат директна помош.

Севкупно, економијата ќе биде поддржана со намалување на дополнителните трошоци за плати, за кои проценетата сума е 600 милиони евра. За да се стимулираат инвестициите се воведуваат даночни ослободувања до 3.000 евра за бонуси за вработените во компаниите.

Карл Нехамер најави дека ќе се стави крај на т.н. „студена прогресија“ – елемент од даночниот систем. Мерката се дискутираше три децении. Нехамер не кажа точно како ќе се одвива ова даночно преструктуирање, бидејќи деталите сѐ уште се разработуваат од експерти.

„Мерките за долгорочна поддршка се сложени и ќе бидат усвоени наесен“, рече Нехамер. „Ова е тежок, но неопходен пакет. Штом ситуацијата во светот драматично се промени, така се менува и политиката. Голем дел од инфлацијата доаѓа однадвор, ние не можеме да ја контролираме. Она што можеме да го направиме е да ублажиме одредени делови од населението“, рече вицеканцеларот Вернер Коглер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП