10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Nokia пораснаа за 40 проценти

Акциите на Nokia пораснаа за 40 проценти

nokia_finland-11

Откако стана јасно дека „Microsoft“ ќе ја купува финската компанија за телекомуникации „Nokia“, за само неколку часа акциите на компанијата забележаа раст од 40 проценти или на 4.15 евра.

Ова е рекорден пораст за компанијата во рамките на еден ден и е осум пати повисоко од сите регистрирани во последните 90 дена, соопштија од „Deutsche Bank“, кои пак ги советуваат акционерите да ги задржат купените акции, бидејќи предвидената цена до која ќе достигнат тие е 4.40 евра.

Иако договорот се уште не е официјално одобрен, експертите тврдат дека нема никакви пречки тој да не се реализира, бидејќи „Microsoft“ немаат бизнис за производство на мобилни телефони или акции во други слични компании.

Тековната капитализација на компанијата е 15 милијарди долари, што сепак не би можело да се спореди со вредностите кои компанијата ги постигна во 1999-2000 година, кога беше проценета на 250 милијарди долари, а акциите тогаш беа 65 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП