18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСолиден раст на австралиската економија

Солиден раст на австралиската економија

avstralija1

Австралија во периодот април-јуни 2013 година остварила економски раст од 2,6 проценти на годишно ниво, или 0,6 проценти во однос на претходното тромесечје.

Како што пренесува АФП, овие вредности се нешто над очекувањата на аналитичарите кои во просек предвидуваа раст од 2,5 проценти на годишно ниво.

Во првиот квартал оваа година, австралискиот бруто домашен производ пораснал за 2,5 проценти во однос на истиот период минатата година, додека пак на квартално ниво растот изнесувал 0,5 проценти.

За австралискиот премиер Кевин Руд, на кој аналитичарите му предвидуваат пораз на изборите во сабота, овие статистички податоци укажуваат на виталноста на австралиската економија и покрај глобалната криза и забавувањето на рударските активности кои се моторот на економскиот раст веќе една деценија.

Австралија повеќе години профитираше oд силната побарувачка за основните сировини од земјите во развој, благодарение на тоа, таа ја избегна рецесијата во 2008 година, но во последно време економскиот раст во оваа земја сепак е понизок поради застојот на активностите во Кина, која е прв светски потрошувач на енергија и главен трговски партнер на Австралија.

Во периодот помеѓу јули 2012 и јули 2013 година економски раст на земјата најмногу и донеле секторот за рударство, финансии и здравство, се заклучува во соопштението на државната Агенција за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП