сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОпасност на грчкото крајбрежје: „Каснувањата се болни, ги има насекаде“

Опасност на грчкото крајбрежје: „Каснувањата се болни, ги има насекаде“

Во Грција деновиве се појавија опасни медузи, чие убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици. Поради тоа на многу плажи беа истакнати црвени знамиња со кои беше означена забраната за влез во вода.

Веќе три недели Грците ги мачат виолетовите или пурпурните медузи кои, според сите проценки, не се безопасни и се чини дека претставуваат нова опасност после короната за туристичкото лето во Грција.

Тоа е опасен вид на медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми.

Со големина од околу 10 сантиметри со долги пипала, овие медузи, иако карактеристични за Шпанија и Италија, се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море.

Тие бараат потопло море, се хранат со планктони и се појавуваат на период од 10 години. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не се гледаат.

Грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да ве испечат, препораката е – брзо плакнење со морска вода, ставање мраз, сода бикарбона.

На организираните плажи има црвени знамиња кои ги предупредуваат капачите за нивното присуство, се обидуваат да ги соберат со мрежи, но и тоа не е безбедно.

Водните струи ги носат во сите правци – и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП