29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАФДА: Вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за мали деца

ФДА: Вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за мали деца

Експерти од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) објавија дека вакцината Вајзер/Бајонтек против Ковид-19 е безбедна и ефикасна за деца од шест месеци до четири години.

Експертите изјавија дека нема ниеден настан што би укажал дека вакцината не е безбедна за употреба кај мали деца.

Анализата на податоците од клиничкото испитување спроведено од Фајзер беше објавена пред состанокот на надворешните советници на ФДА на 15 јуни. Мислењето на овие експерти ќе биде одлучувачко за одлуката на агенцијата.

Податоците од десет случаи, во време кога омикрон беше доминантна варијанта на коронавирусот, покажаа дека вакцината била 80,3 отсто ефикасна кај групата деца на возраст под пет години.

Вакцинацијата на деца против Ковид-19 на таа возраст не е одобрена во повеќето делови на светот. Нејасно е колку родители ќе ги вакцинираат своите деца, бидејќи интересот бил мал и за групата од пет до единаесет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП