2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа колку пораснаа цените на производите?

За колку пораснаа цените на производите?

Инфлацијaта во мај достигна нов рекорд од 12 проценти, споредено со мај лани. Статистика регистрираше раст кај храната од 17 отсто. Поскапување има кај речиси сите производи. Но, најевидентен е растот на цената на маслото. За една година таа се зголемила за речиси 40 отсто. На лебот за над 20 проценти. Раст на цените има и кај млекото, сирењето, јајцата, овошјето, зеленчукот, обувките, енергенсите, транспортот.

-Леб и жито 21, 5 %

-Месо 13 %

-Млеко , сирење , јајца  16 %

-Масло    37, 9 %

-Овошје   11, 5 %

-Зеленчук  18 , 5 %

-Кафе чај какао  16, 9 %

-Oблека и обувки  15 %

-Алкохолни пијалоци  7,1 %

-Тутун  8, 5 %

-Транспорт  24, 1 %

-Енергенси  8,2 %

Од Сојузот на синдикати  предупредуваат дека  платите ја губат вредноста  поради брзиот  и неконтролиран раст на цените на производите. Месечните трошоци на едно четиричлено семејство, за само пет месеци се зголемени за околу 3.000 денари. Од ССМ  предупредуваат дека, ако не се преземе нешто, следниот период ќе биде уште полош.

– Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот, така и во приватниот сектор и покрај евидентните противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, велат од ССМ.

И дел од  експертите  со предупредување  дека ако не се донесат мерки за ублажување на ударот од ценовни шокови и тоа што поскоро, инфлацијата ќе надмине 15 проценти. Сметаат и дека мерките  мора да бидат долгорочни, а не да се менуваат постојано и да се прекине нивната важност. Да бидат на сила додека не попуштат инфлаторните притисоци.

Сериозен скок на цените на производите, особено на основните се случи откако на 31 мај престанаа да важат мерките за заштита од поскапување, а Владата не донесе нови. Цените на некои производи се зголемија и за над 70 проценти. Сега веќе се најавуваат нови мерки –  повторно да се интервенира  кај  маржите, но и се размислува да се укинат  некои дополнителни трошоци. Новите мерки ќе се разгледуваат на седница на Влада, веќе утре.

Сепак,  прогнозите на аналитичарите се дека  наскоро стабилизација на цените  нe може да се очекува,  затоа што состојбата  со руско-украинскиот конфликт  е неизвесна- не се знае во каква насока ќе се движи оваа воена криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП