1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелиот свет се бори со инфлацијата

Целиот свет се бори со инфлацијата

Од секојдневно купување намирници преку парно до отплата на кредит – се поскапе. Трошоците за живот нагло растат – не само овде, туку и низ целиот свет. Глобалната инфлација е на највисоко ниво од 2008 година.

Инфлацијата во САД достигна ново највисоко ниво во последните 40 години од 8,6 отсто. Цените на нафтата скокнаа, па популарниот „галон“ е од 5 до 5,5 долари. Поради побарувачката од Азија и студената зима поскапе и гасот.

Пандемијата „заклучи“ многумина. Тие останаа дома, не одеа во ресторани или на одмор – па купија повеќе. Цените на храната во Америка се зголемија најмногу од декември 1981 година.

Високата инфлација ја принуди американската централна банка да ги зголеми каматните стапки.

„Ние не сме единствената земја што доживува инфлација. Тоа можете да го видите во речиси секоја развиена земја во светот“, рече Џенет Јелен, министер за финансии на САД.

Шпедитерски компании, кои превезуваат стоки низ светот, се преплавени со нарачки. Порано чинеше 1.500 долари за транспорт на контејнер со стока од Азија до Европа, а сега чини десет пати повеќе. Скокна и цената на кафето – откако Бразил, водечкиот светски производител, имаше лоша жетва по најтешката суша.

„Владата секогаш зборува за шест, осум, десет проценти од инфлацијата. Но, тоа не е така. Без разлика дали се работи за храна, гориво, струја. Сум видел поскапувања далеку над тоа“, вели Фабио Фернандез.

Што се однесува до Европа, Данска соопшти дека поради поскапувањето на струјата и парното, инфлацијата во април пораснала на 6,7 отсто. Најмногу од 1984 година.

„Срцепарателно е тоа што има пензионери, невработени, самци или семејства кои треба да бираат помеѓу плаќање лекови, храна или сметки“, рече Маи Виладсен, портпаролка на Црвено-зелената алијанса.

Инфлацијата во Германија е 7,9 отсто, што е највисока од 1990 година.

Русија успева да ја контролира инфлацијата. Путин рече дека од втората половина на мај – цените престанале да растат и инфлацијата сега е нула. Годишната инфлација во Русија забави на 17,4 отсто на 27 мај, од 17,83 отсто во април.

Лошо е и во Азија. Пакистанците се борат со инфлацијата и економското влошување. Таму цените достигнаа највисоко ниво во последните 17 години.

Локалната валута слабее во однос на американскиот долар. Слично е и во Африка. Поради растот на цените, околу 17 милиони Нигеријци немаат доволно храна. Обединетите нации предупредуваат дека расте бројот на гладни во најнаселената земја во Африка.

Високата стапка на инфлација во светот ја намали куповната моќ, па за евро или за долар се купува помалку од порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП