3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолјаци блокираат бензиски пумпи поради цената на горивата

Полјаци блокираат бензиски пумпи поради цената на горивата

Возачи во Полска денеска ги блокираа бензинските пумпи во знак на протест поради поскапувањето на горивата.

Пумпите ги блокираа, така што возачи на неколку десетици автомобили и мотоцикли кои точеа минимално количество гориво, а потоа со одложување на плаќањето на сметките и намерно доцнење, а со симулирање на дефекти на автомобилите предизвикаа големи гужви, јавуваат полските медиуми.

На социјалните мрежи беше објавено дека блокадите се организирани на бензински пумпи во различни региони на Полска.

Во последно време, во Полска е забележано значително зголемување на цените на моторните горива. Во мај годинава горивото за приватните потрошувачи е за 35,4 отсто поскапо од лани и пет отсто повеќе од април годинава.

Во Полска, сегашната просечна цена за литар безоловен бензин од 95 октани е околу 1,86 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП