19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на сопственикот на „Zara“ скокна за 80 отсто

Профитот на сопственикот на „Zara“ скокна за 80 отсто

Сопственикот на модниот гигант „Zara“ – „Inditex“, соопшти за скок на профитот за минатиот  квартал од 80% поради растечката продажба, откако потрошувачите кои останаа дома за време на пандемијата сега ги обновуваат своите гардероби.

Нето добивката за кварталот февруари-април се зголеми на 760 милиони евра во согласност со очекувањата на аналитичарите, бидејќи компанијата ги надмина своите нивоа пред пандемијата.

Продажбата се зголеми за 36% на 6,7 милијарди евра, откако компанијата успеа да ги надомести повисоките трошоци со зголемување на цените на почетокот на годината.

Во првиот квартал од 2019-та година – пред ударот на пандемијата, „Inditex“ објави профит од 734 милиони евра и продажба од 5,93 милијарди евра.

Тековното закрепнување во Британија, Европа и САД му помогна на „Inditex“ да надомести дел од изгубените приходи од Русија, откако компанијата ги затвори своите 502 продавници таму во март поради инвазијата на Москва на Украина.

Без отписот од 216 милиони евра поврзан со затворањето на продавниците во Русија, за кој беше објавено во кварталот, добивката на „Inditex“ изнесуваше 940 милиони евра.

Русија беше втор по големина пазар на „Inditex“ во однос на продавниците, со 5 отсто од нејзиниот раст на продажбата од 1-ви февруари до 13-ти март, соопшти компанијата.

Познат најмногу по својот бренд „Zara“, кој сочинува околу 71% од продажбата на компанијата, „Inditex“ е сериозно пред својот главен конкурент „H&M“. Шведската компанија забележа нето-продажба од 5,1 милијарди долари во првите три месеци од фискалната 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП