26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБил Гејтс: Шансите за нова пандемија во следните 20 години е повеќе...

Бил Гејтс: Шансите за нова пандемија во следните 20 години е повеќе од 50 отсто

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, предупреди на можноста од нова пандемија.

Еден од најбогатите луѓе во светот учествуваше на самитот „Тајм 100“ во Њујорк и по тој повод зборуваше за последиците од вирусот Ковид-19 како и за можноста од нови пандемии.

Во таа прилика изјави дека човештвото не треба да смета на среќа во случај на следната пандемија.

„Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу повисока стапка на смртност, на пример пет отсто, тоа би можело да биде крај на општеството. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 отсто“, рече Гејтс за „Тајм“ за време на самитот.

Гејтс додаде дека најмалку околу една милијарда долари ширум светот треба да се распределат како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

„Со нивните координирани ставови, тие можат да му помогнат на човештвото побезболно и полесно да ги надмине разорните пандемии“, заклучи тој и ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Зборувајќи за идејата на обединетите научници, тој рече дека со неа би требало да управува Светската здравствена организација.

Како што вели, една од главните улоги на здружените научници би била обврската да вршат вежби на епидемии во одредени земји за да се провери колку се тие подготвени.

„Следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19“, рече Гејтс.

Официјалниот број на смртни случаи од Ковид во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека реалниот број на смртни случаи е многу поголем. Светската здравствена организација проценува дека имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид во 2020 и 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП