20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден напиток против 'рчење

Природен напиток против ‘рчење

Ако имате бронхитис или сте настинати, направете го овој природен напиток, кој ќе ги ослободи вашите дишни канали и ќе ја нормализира слузницата, што на вас и на вашите најблиски ќе им овозможи мирен сон.

Ако воспалението на синусите, бронхитисот или ситните настинки ви го отежнуваат дишењето, па домашните се жалат од вас дека многу ‘рчите, пробајте да го отстраните овој проблем на едноставен начин.

Направете природен напиток, кој ќе ги ослободи дишните канали и ќе ја нормализира слузницата, што на вас и на вашите најблиски ќе им овозможи мирен сон.

Магичниот напиток се прави на следниот начин: добро измијте и олупете две јаболки, два моркови и парче ѓумбир, а потоа ставете ги во соковник и додадете една шолјичка лимонов сок. Напитокот е готов и спремен за употреба.

Првиот ден, консумирајте го три пати, наутро, пред ручекот и пред спиење, а потоа е доволно да го пиете еднаш дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП