29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите осудија на смрт двајца британски доброволци заробени во Мариупол

Русите осудија на смрт двајца британски доброволци заробени во Мариупол

Судот во самопрогласената Народна Република Донецк осуди на смрт двајца британски и еден марокански доброволец заробени од руските сили во Мариупол, објавија руски провладини медиуми.

Судот на територијата под контрола на руските сили во источна Украина ги осуди Ејден Ајслин и Шон Пинер по судење кое траеше само неколку дена.

Набљудувачи велат дека станува збор за монтиран процес кој се обидел да го имитира судењето за воени злосторства на руските војници во Киев.

Ајслин (28) и Пинер (48) се осудени на смрт заедно со Мароканецот Сааудин Брахим, поради кривично дело тероризам.

И двајцата Британци рекоа дека служеле во единица на украинските маринци, што ги прави активни членови на војската и дека треба да бидат заштитени со Женевската конвенција како воени заробеници. Меѓутоа, руските медиуми ги опишаа како платеници и како такви беа судени пред судот на проруските сепаратисти.

Се верува дека Русија го користи ова судење за да изврши притисок врз Британија и да изнуди размена на руски затвореници осудени за убиства и воени злосторства за време на руската инвазија на Украина. Во Русија, инаку, има мораториум на извршување на смртната казна, но не и на териториите што Русија ги зазеде во источна Украина.

Во соопштение за медиумите издадено претходно оваа недела, семејството на Ајслин порача дека тој служел во украинските маринци речиси четири години и дека без оглед на пропагандата од Кремљ, тој не е платеник, ниту пак шпион.

Британскиот пратеник Роберт Џенрик за Би-би-си изјави дека судењето на Ајслин и другите е неверојатно кршење на меѓународното право и мора да се осуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП