22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ106. ден војна во Украина: Судбината на Донбас се одлучува овде

106. ден војна во Украина: Судбината на Донбас се одлучува овде

Зеленски: Судбината на Донбас зависи од битката за Северодонецк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека бранителите на Северодонецк во источна Украина им нанесуваат големи загуби на руските сили во „жестока и тешка борба“.

-Во Северодоњецк се решава судбината на Донбас, на неколку начини, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Поголемиот дел од Северен Доњецк е под контрола на руските сили, а украинските бранители сè уште ги држат само неговите предградија, изјави вчера гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи.

Ердоган: Се уште не поддржуваме влез на Шведска и Финска во НАТО

Анкара се уште останува на ставот дека не го поддржува влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција по разговорот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Шведската телевизија емитуваше интервјуа со водачите на терористичките групи. После ова не можеме да кажеме дека се добредојдени во НАТО. Истото важи и за Финска, посочи турскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП