26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФон дер Лајен остро ја нападна Русија и предупреди: „Милиони ќе бидат...

Фон дер Лајен остро ја нападна Русија и предупреди: „Милиони ќе бидат изложени на ризик од глад“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека светот се соочува со „комбинација од неколку кризи“.

Таа додаде дека милиони луѓе ширум светот нема да можат да си ги дозволат основните потреби, вклучително и 275 милиони кои ќе бидат во опасност од глад.

„Со оглед на зголемената инфлација во која моментално живееме, овие бројки и ризици можат брзо да излезат од контрола. Светската банка проценува дека 10 милиони луѓе се турнати во екстремна сиромаштија за секој процент од зголемувањето на цените на храната. Се соочуваме со низа кризи низ целиот свет“, рече Лајен.

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателката на Европската комисија наведе неколку причини кои „обединети“ доведоа до проблеми со недостигот на храна во светот, од последиците од пандемијата, преку зголемувањето на цените на енергенсите и вештачките ѓубрива до климатските промени.

„Сите овие влијанија имаат едно нешто заедничко, а тоа е дека тие беа масовно и намерно поврзани со војната на Путин. Тоа е студена, безмилосна и пресметана опсада на некои од најранливите земји во светот од стран на Путин. Храната сега стана дел од арсеналот на теророт на Кремљ, не смееме да го дозволиме тоа“, рече Лајен.

Урсула фон дер Лајен ги повика партнерите во светот да не воведуваат ограничувања на глобалниот пазар на храна.

Таа најави дека ЕУ ќе одвои 2,5 милијарди евра за да им овозможи на загрозените делови од светот да купуваат храна, а во исто време да го зголеми сопственото производство во земјоделскиот сектор со цел да придонесе за подобра понуда на светскиот пазар на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП