Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука во согласност со која малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на мазутот М-1 НС, не се менуваат, но цената на дизелот се зголемува 2 и пол денара за литар.
Ќе се зголеми и цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 3 денари за литар.
Врз основа на оваа одлука, од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
бензин „евросупер БС-95“: 110 (денари/литар)
бензин „евросупер БС-98“: 112 (денари/литар)
„евродизел БС (Д-Е V)“: 104,50 (денари/литар)
екстра-лесно масло (ЕЛ-1): 102,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС: 55,50 (денари/килограм)
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,800 %, кај дизелот за 3,797 %, кај екстра-лесното масло за 3,933 % и кај мазутот зголемувањето е за 0,340 %.