28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХаос во Берлин: Има мртви и повредени; Откриено од каде е возачот

Хаос во Берлин: Има мртви и повредени; Откриено од каде е возачот

Неколку лица се повредени, а најмалку еден загинал кога возило влетало во толпата на Ранкештрасе во Берлин, велат во противпожарната служба.

Скај њуз наведува дека најмалку 30 лица се повредени, а локалните медиуми дека најмалку едно лице загинало.

Германски „Билд“ пренесува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“, а мажот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Се е полно со полицајци и пожарникари, а германските медиуми наведуваат дека луѓето лежат на улица.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил.

„Се верува дека приведениот влетал во група луѓе. Се уште не е познато дали се работи за несреќен случај или осомничениот имал намера да го изврши ова дело“, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот бил приведен на лице место, пренесува Ројтерс.

Според непотврдени информации од германските медиуми, возачот е германски државјанин. Еден сведок на инцидентот за Берлинер Моргенпост изјави дека возел со околу 150 километри на час.

Наводно, возачот направил „крш и лом“ долг 200 метри на улицата додека не застанал на излогот на продавницата за парфеми.

Еден од сведоците е и познатиот актер Џошуа Берумен, кој во тој момент бил во близина и рекол дека видел автомобил како брза по улицата, кој потоа удрил во излог. „Мислам дека сме сведоци на терористички напад“, рече тој.

Пет лица се во животна опасност, а три се тешко повредени, изјави портпаролот на берлинските пожарникари кој додаде дека има многу полесно повредени, а меѓу нив е и возачот.

Несреќата се случила во преполниот дел од градот полн со продавници, недалеку од местото каде што 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божиќниот саем во 2016 година.

Станува збор за строгиот центар на Берлин и туристичкиот центар на градот, плоштадот Бреитшеид, во близина на црквата и Курфирстендам, една од најпознатите берлински улици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП