19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Cupra“ покажа градски електричен автомобил за 20.000 евра (ВИДЕО)

„Cupra“ покажа градски електричен автомобил за 20.000 евра (ВИДЕО)

На салонот во Минхен минатата година, шпанската компанија „Cupra“, која сега е посебен производител, го претстави концептот „UrbanRebel EV“. Сега тој стана сериски модел, кој е урбан ултра компактен теренец со почетна цена под 20.000 евра. На пазарот ќе се појави во 2025-та година.

Серијата „UrbanRebel“ ќе биде трет целосно електричен сериски автомобил на компанијата по постоечкиот хечбек „Cupra Born“, кој се базира на „Volkswagen ID.3“ и кросоверот „Cupra Tavascan“, кој треба да се појави во 2024-та година.

Моделот на „Cupra“ е всушност првиот од три технички идентични електрични автомобили на „VW Group“ од почетната класа за да ги заменат „Volkswagen E-Up“, „Skoda Citigo-e iV“ и „Seat Mii Electric“ во палетата на концернот.

Сите три автомобили ќе се произведуваат во фабриката во Маторел (Шпанија), користејќи специјално адаптирана верзија на платформата „MEB EV“. Во моментов таа е основата на повеќето електрични автомобили на „VW Group“, со исклучок на „Ј1“ на која се базирани моделите „Audi E-tron GT“ и „Porsche Taycan“.

Главната разлика е во тоа што платформата позната како „Small MEB“ е многу подоцнежна, а „UrbanRebel“ обезбедува меѓуоскино растојание од само 2600 mm – приближно исто како кај „ID.3“. Целта е да се привлечат купувачите на електрични автомобили кои живеат во градот. Тие ќе имаат помал трошок поради електричниот погон, додека автомобилот може да прими четири патници.

Општо земено, „UrbanRebel“ има димензии на должина од 4.036 mm, ширина од 1.975 mm и висина од 1.576 mm висина, со клиренс од земја од 218 mm. Неговиот дизајн е во стилот на „Cupra Born“, а познато е дека идните „браќа“ од „Volkswagen“ и „Skoda“ ќе изгледаат сосема поинаку за да се нагласи разликата помеѓу индивидуалниот стил на новите модели на „VW Group“, кои делат иста платформа.

Засега е познато само дека електричниот автомобил на „Cupra“ ќе биде со погон на предните тркала, со моќност од 231 ks и ќе овозможи забрзување од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди. Во подоцнежна фаза, моделот најверојатно ќе добие верзии со помала моќност, што ќе значи и пониска цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП