20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка ги намали прогнозите за раст на светската економија во 2022...

Светска банка ги намали прогнозите за раст на светската економија во 2022 и 2023

Светската економија нагло ќе забави оваа година поради нарушувањата предизвикани од војната во Украина и високата инфлација, предупреди во вторникот Светска банка, намалувајќи ги прогнозите за раст за оваа и следната година.

Активностите во светската економија годинава ќе пораснат за 2,9 отсто, по почетната фаза на закрепнување од глобалната рецесија и скокот од 5,7 отсто во 2021 година.

Во јануари банката за годинава прогнозираше раст на активноста од 4,1 отсто.

Прогнозите за раст се намалени за повеќето економии, а следната година растот ќе се забрза само малку, на 3,0 отсто, бидејќи активностите ќе продолжат да бидат под влијание на голем број негативни фактори, особено високите цени на енергенсите и континуираното заострување на монетарната политика.

На почетокот на годината банката за следната година прогнозираше раст на активноста во светската економија од 3,2 отсто.

„И покрај негативниот шок за глобалната активност во 2022 година, следната година не се очекува закрепнување“, заклучуваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП