27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“

Во Охрид пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“

Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ денеска пристигнаа во Охрид каде што утре ќе се одржи работниот дел од самитот.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Премиерот на Албанија Еди Рама беше пречекан од Методија Димовски, генерален секретар на Владата, додека претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија во Охрид пристигна во текот на вчерашниот ден.

Според агендата на самитот „Отворен Балкан“ утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП