Соединетите Американски Држави се соочуваат со „неприфатливи нивоа на инфлација“ и потребни се соодветни буџетски мерки за да се намалат инфлаторните притисоци без да се поткопува економијата, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Според Радио Слободна Европа, Јелен во својот воведен говор пред Комитетот за финансии на Сенатот рече дека делови од буџетскиот предлог-закон на претседателот Џо Бајден може да помогне да се намалат трошоците за Американците, вклучително и лековите на рецепт и иницијативите за чисти извори на енергија.

