19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд есен универзален полнач за мобилни телефони во ЕУ

Од есен универзален полнач за мобилни телефони во ЕУ

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за универзален полнач за мобилни телефони и други електронски уреди, а од есента 2024 година, сите преносливи електронски уреди со мала и средна големина ќе треба да бидат опремени со USB-C полнач.

По летниот одмор, од Советот и од Парламентот се бара формално да го потврдат овој договор, кој потоа ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ и ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување. Имплементацијата на директивата започнува 24 месеци по нејзиното влегување во сила, односно есента 2024 година. Новите правила нема да важат за производите што се пласираат на пазарот пред примената на директивата.

Според новите правила, на потрошувачите повеќе нема да им треба различен полнач и кабел секој пат кога ќе купат нов уред и ќе можат да користат еден полнач за сите нивни мали и средни преносни електронски уреди.

Мобилните телефони, таблетите, е-читачите, слушалките, дигиталните камери, рачните конзоли за видео игри и преносните звучници што може да се полнат преку жичен кабел ќе треба да бидат опремени со полнач за USB од тип C, без оглед на производителот. И лаптопите ќе треба да се прилагодат на овие барања во рок од 40 месеци од стапувањето во сила на оваа директива.

Уникатниот USB-C ќе им овозможи на потрошувачите да полнат уреди со истиот USB-C полнач, без оглед на брендот на уредот.

Според написите, најголем отпор на новите правила пружа американскиот производител „Apple“, чиј iPhone нема USB-C, кој се користи на повеќето уреди со Android. Брзината на полнење се совпаѓа и со уредите што поддржуваат брзо полнење, што ќе им овозможи на корисниците да ги полнат своите уреди со иста брзина со кој било компатибилен полнач, пишуваат медиумите.

Анализите се дека потрошувачите исто така ќе имаат јасни информации за карактеристиките на полнење на новиот уред за да им помогнат да разберат дали веќе имаат компатибилен полнач дома и ќе можат да одлучат дали да купат уред со или без полнач.

Според проценките, потрошувачите би можеле да заштедат до 250 милиони евра годишно бидејќи нема да имаат потреба да купуваат нови полначи непотребно. Се проценува дека отстранетите и неискористените полначи претставуваат околу 11.000 тони е-отпад годишно. Покрај големите придобивки за граѓаните, со воведувањето на универзален полнач се очекува и намалување на електричниот отпад, кој според Евростат во Европската Унија се рециклира само за 40 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП