18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена прогнозата за економскиот раст во ЕУ

Зголемена прогнозата за економскиот раст во ЕУ

Belgium Nobel Peace

Европскиот завод за статистика на Европската унија – Еуростат ја зголеми прогнозата за раст за 27-те земји-членки на ЕУ, во вториот квартал, на 0,4 проценти.

Еуростат минатиот месец економскиот раст во ЕУ, во текот на вториот квартал, во споредба со претходниот квартал, го процени на 0,3 проценти и констатираше дека тој економско-политички блок излезе од рецесија.

Проценка за економскиот раст за 17 земји во еврозоната во вториот квартал остана иста како и минатиот месец – 0,3 проценти, се вели во извештајот на АП.

Агенцијата, иствремено, соопшти дека на годишно ниво во текот на кварталот, економска активност во ЕУ била пониска за 0,7 опроценти, а на ниво на еврозоната за половина процент.

Повеќето земји на ЕУ и еврозоната, во текот на целата мината година и првите месеци од оваа беа во рецесија, а некои од нив, како што е на пример, задолжената Грција, сеуште имаат драстичен пад на производството, побарувачката на потрошувачите и вработувањето.

Анализата на Еуростат за економска активност во ЕУ во текот на вториот квартал e направенa зa  27-те членки на групата, бидејки  Хрватска стана дел од Унијата на 1 јули, односно на почетокот на тековниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП