17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ повлекува цело семејство на модели

„Hyundai“ повлекува цело семејство на модели

Во 2016-та година, „Hyundai“ го претстави семејството на електрифицирани лифтбек „Ioniq“, кое вклучува конвенционален хибрид, „plug-in“ хибрид и електрично возило.

Во 2019-та година, целото семејство беше ажурирано, а една година подоцна „Hyundai“ го одвои „Ioniq“ во посебен бренд, под кој ќе се произведуваат само електрични автомобили. Сега компанијата објави дека се откажува од оригиналниот модел.

Оригиналниот „Ioniq“ хибрид беше создаден како конкурент на „Toyota Prius“, а во Европа одлично се снајде. Во последните 5 години продадени се 135.000 примероци од моделот на Стариот континент, додека резултатот на „Prius“ беше 41.000. Во САД, се разбира, резултатот беше спротивен.

Хибридниот „Ioniq“ беше опремен со 1,6-литарски „ICE“ бензинец кој работи на циклусот Аткинсон и електричен мотор со 44 ks. „Plug-in“ хибридот доби електромотор со 61 ks и батерија со капацитет од 8,9 kW/h, додека целосно електричната верзија доби електромотор со 136 ks и батерија со капацитет од 38,3 kW/h, доволна за домет од 294 km.

„Hyundai“ објави дека повеќе нема да прима нарачки за лифтбекот, а последниот од него ќе излезе од производната лента во фабриката во Улсан во Јужна Кореја во јули. Моделот нема да добие директен наследник, но името „Ioniq“ ќе го добие под-марката електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП