5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Германците ги чуваат парите во пелени?

Зошто Германците ги чуваат парите во пелени?

peleni3

Германците кои ги избегнаа даночните обврски со помош на сметките во Швајцарија, сега носат купишта пари во својот дом и ги кријат на необични места.

Откако швајцарските банки се најдоа во центарот на меѓународните борби против даночното затајување, владата на оваа земја не сака повеќе нејзината банкарска индустрија да управува со непријавени средства.

Ова барање, заедно со обвинението кое неодамна е покренато против претседателот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, Ули Хенес поради затајување данок и тајни банкарски сметки во Швајцарија, предизвика страв кај даночните затајувачи, пишува Блумберг.

„Имавме еден случај во кој 72-годишен маж носеше женски корсет и во неговата внатрешност беа сокриени 150.000 евра“, изјави портпаролот на германската погранична област Лерах, една од трите кои се граничат со Швајцарија.

„Во еден друг случај, еден човек поседуваше две бебешки пелени во кои имаше 140.000 евра“, додаде портпаролот.

Во пограничните области кон Швајцарија, минатата година се откриени 20 милиони евра непријавени пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП