Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2022 година вкупниот промет изнесувал 577.516.979 денари и е намален за 40,11 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 497.949.423 денари и е намалено во однос на април за 14,44 отсто кога изнесувало 581.998.067 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.718.003 денари и обврзници во вредност од 8.231.420 денари.

