29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKodak излезе од банкрот

Kodak излезе од банкрот

kodak

Компанијата „Eastman Kodak“ го објави успешниот излез од банкрот, како и продолжувањето на процесот на трансформација во помала и поефикасна компанија.

Некогаш водечката светска компанија на пазарот на фотоапарати „Eastman Kodak“ доби дозвола од судот да го спроведе на дело планот за излез од банкротот и трансформација во помала компанија која ќе биде фокусирана на пазарот на дигитални фотографии.

Ова е крајот на долгиот процес кој започна во јануари 2012-та година, кога големите трошоци и доцниот влез на дигиталниот пазар, оваа компанија ја доведе на работ на пропаст.

Со ова одобрување на судот, многу е веројатно дека „Kodak“ ќе се спаси од пропаѓање.

Како што велат од компанијата ќе продолжат да работат на дигиталниот пазар со помала интерна организациска структура и со посилни финансиски показатели.

Поголемиот дел од имотот е веќе продаден, како и одделот за електроника, па фокусот на компанијата во иднина ќе биде на дигиталната технологија за печатење и флексибилни пакувања на производите за широка потрошувачка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП