5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарскиот министер: Русија не се грижи за нафтеното ембарго, помалку ќе извезува...

Швајцарскиот министер: Русија не се грижи за нафтеното ембарго, помалку ќе извезува на Запад, а поскапо ќе продава на другите

Швајцарскиот министер за економија Гај Пармелин смета дека Русија не e и нема да биде оштетена од одлуката на ЕУ да го намали увозот на руска нафта.

– Ако Русија извезува помалку нафта на Запад, но дел од тој обем продава на други земји по повисоки цени, тогаш резултатот е ист за Москва, наведува Пармелин, а пренесува „Геополитика“.

Од друга страна, руските економисти и политичари наведуваат дека поскапувањето на нафтата, е токму резултат на санкциите. Со ембаргото што го воведоа САД, Канада, Обединетото Кралство и земјите од ЕУ во ограничен формат, Русија заработува повеќе отколку кога извезуваше неограничено нафта во периодот пред санкциите.

На тој начин Западот си прави штета, а Русија ги зачувува своите нафтени ресурси и заработува повеќе.

Во меѓувреме, експертите оценија дека ембаргото за нафта против Русија може да доведе до „ценовен шок“ во ЕУ. Економистите очекуваат значителен пад на куповната моќ на населението.

Во исто време, обидите на владите на ЕУ да ги ублажат ефектите од тој шок преку попусти на гориво, даночни намалувања или субвенции доведуваат до зголемување на јавниот долг.

Но, ЕУ подготвува и нов седми пакет антируски санкции, откако шестиот неодамна беше усвоен со многу мака, по повеќе од еден месец макотрпни преговори, со компромисно решение, т.е. исклучоци за некои земји чија зависност од руската нафта е голема.

Некои економисти предупредуваат дека ЕУ незапирливо се лизга кон колапс на нејзината економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП