4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМелничарите бараат преиспитување на одлуката за укинување на условен увоз на брашно

Мелничарите бараат преиспитување на одлуката за укинување на условен увоз на брашно

pcenica

Мелничарите апелираат до Владата и до ресорните министерства да ја разгледаат новонастанатата состојба со брашното и да се придржуваат на договорот, според кој мерката за условен увоз на брашно требаше да биде до 31 декември 2013 година.

Доколку се остварат најавите дека ќе биде укината мерката за условен увоз на брашно на 15 септември годинава, мелничарите бараат да се субвенционира годинашниот откуп на домашна пченица со над 11 денари за килограм.

-Ако се промени крајниот рок, тогаш мелничарите упатуваат повик до производителите да ја подигнат пченицата предадена на домашните преработувачи затоа што таа не може да биде платена во законски предвидениот рок и склучените договори, а домашните мелничари да не ја изгубат дозволата за откуп како услов за откупена, но и неплатена пченица, изјави денеска ,Васко Ристовски, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Мелничарите се задоволни од делот на мерката за пченица бидејќи според информациите
од ресорното Министерство откупени се околу 95 проценти од пченицата.

– Ова ни дава право мерката како таква да ја поддржиме и да го искажеме своето задоволство. Во исто време домашните мелничари по укинувањето на мерката за пченицата, го искажуваат своето задоволство и надеж дека ќе можат наредниот период да набават пченица од соседството по поволни цени.

Апелираат до министерствата за економија, земјоделство и до Владата да се ослободи квотата од 80.000 тони пченица за увоз и да важи цела година, за на некој начин да се поправи квалитетот на откупената домашна, но и увезената пченица, пред се од Србија, рече Ристовски.

Мерката за условен увоз на пченица и брашно беше воведена на 1 јули годинава со цел да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември, доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување.

Владата веќе го укина условениот увоз на пченица по оценката дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања.

До крајот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно зашто и во овој сегмент пазарот е стабилизиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП