28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекуваниот потег на Сауди Арамко ја зголеми цената на нафтата на 120...

Неочекуваниот потег на Сауди Арамко ја зголеми цената на нафтата на 120 долари

Саудиска Арабија нагло ги зголеми продажните цени на својата сурова нафта за испорака во јули, што предизвика општ пораст на цената на „црното злато“ денеска на светските берзи.

Најголемиот светски извозник на нафта, Сауди Арамко, ја зголеми цената на својата нафта за купувачите во Азија, северозападна Европа и Медитеранот, додека ги задржа цените за американските увозници непроменети, пренесува порталот Business Insider.

Цената на европската нафта брент за испорака во јули (фјучерс договори) се искачи на 120,1 долар за барел според одлуката на Арамко, а американската референтна нафта WTI скокна на 119,8 долари за барел во тргувањето до 11:05 часот по локално време, според податоците од порталот oilprice.com.

Потегот на Арамко дојде и покрај минатонеделната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја зголемат вкупната квота за зголемување на производството за 50 отсто во јули и август, на 648.000 барели дневно од 432.000 барели на ден во последните месеци.

Покрај денешниот скок на цената на „црното злато“, според Фил Розен, извршен директор на Хес, придонесе и оценката на учесниците на пазарот дека зголемувањето на производството на ОПЕК + не е доволно за да се компензира исклучувањето на руската нафта од глобалната пазар поради санкции и бојкот поврзани за рускиот напад врз Украина.

Според дел од аналитичарите, зголемувањето на цената на барелот на Арамко е мотивирано од очекуваниот раст на побарувачката, особено во Азија, каде што се намалуваат мерките за ограничување на пандемијата и се рестартира производството во неколку компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП