3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој плаќа најскапа храна во ЕУ?

Кој плаќа најскапа храна во ЕУ?

SLATKISI-I-SOKOVI

Во земјите од Европската Унија храната, пијалоците и цигарите се најскапи во Данска и Шведска, а најевтини во Бугарија и Романија.

Во однос со ЕУ во Западен Балкан најмалку пари треба да се издвои во Македонија.

Алкохолните пијалоци во Европската Унија се најскапи во Финска, додека цигарите во Ирска.

Храната за околу 40 проценти е поскапа во Данска, за 25 проценти во Шведска, а само малку над просекот за храна треба да дадат Германците, Италијанците, Шпанците и Грците. Додека под просекот во ЕУ за храна даваат Португалците, Словенците и Ирците, а значително поевтина храната е во Чешка, Словачка, Турција и Хрватска.

Скоро двојно помалку пари за исхрана во однос на просекот на жителите на ЕУ, мораат да издвојат Полјаците, Романците, жителите на Босна и Херцеговите, Србите и Албанците.

Храната повеќе од половина е поевтина во Бугарија и Македонија.

За тутунските производи многу помалку пари треба да се дадат во Албанија и тоа само 27 проценти од цигарите во ЕУ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП