Научниците во Шведска открија нов корнавирус кај шумските глодари, кој го нарекоа вирус Гримсо, според местото каде што е откриен.
Лилјаците не се единствените диви животни кои пренесуваат нови коронавируси. Глодарите како што се стаорци, глувци.., исто така, може да имаат вируси кои во некои случаи се шират на луѓето.
Така, научниците пронајдоа широко распространет и вообичаен коронавирус во шумските глувци (Myodes glareolus), кој го нарекоа вирусот Гримсо, според местото каде што е откриен. Засега не е познато дали новооткриениот вирус на кој било начин е опасен за луѓето.
Сепак, ова е добар потсетник дека е добро да се следат вирусите на дивиот свет, особено оние животни кои пренесуваат и кои живеат во наша непосредна близина, пишува Science Alert.
„Сè уште не знаеме какви потенцијални закани би можел да претставува вирусот Гримсо за јавното здравје. Сепак, врз основа на нашите набљудувања и претходните коронавируси идентификувани меѓу глодарите, веруваме дека има добри причини да продолжиме да го следиме коронавирусот кај дивите глодари“, рече вирологот Аке Лаундквист од Универзитетот Упсала во Шведска.