15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ102. ден војна во Украина: Жестока битка за Северодонецк

102. ден војна во Украина: Жестока битка за Северодонецк

Киев тврди дека украинската армија ги потиснала руските сили од Северодонецк, едно од нејзините последни упоришта во областа Луганск. Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека е од витално значење Русија да не биде понижена за да може да се најде дипломатско решение по завршувањето на конфликтот во Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле украински воен транспортен авион со оружје и муниција во близина на црноморското пристаниште Одеса.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека е тешко да се предвиди кога ќе заврши војната во неговата земја, но дека неговата „оптимистичка проценка“ е дека тоа би можело да се случи до крајот на годината.

Резников рече дека на украинските сили се уште им е потребно тешко оружје, пред се повеќе ракетни системи, како и друго артилериско оружје, тенкови, проектили и противвоздушна одбрана.

„Потребни ни се брзо и во количини сразмерни на размерите. Украина се најде во воена состојба без соодветна поддршка од демократскиот свет“, рече Резников.

Тој додаде дека Украина „ја сменила својата филозофија во набавката на оружје“, и дека сега наместо на противтенковски и противвоздушни мобилни системи, се фокусира на тешкото оружје, бидејќи „природата на војната е променета“.

Гувернерот на Луганската област: Руските сили продолжуваат со напади на Северодонецк

Руските сили го продолжуваат општиот напад на Северодонецк и го контролираат источниот дел на градот, изјави гувернерот на областа Луганск, Сергеј Гајдаи.

Гајдаи рече дека во последните напади биле оштетени делови од хемиската фабрика „Азот“.

Кличко: Експлозии во Киев

Експлозии во Киев во областите Днепар и Дарницки, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

“Неколку експлозии во главниот град. Службите веќе работат на самото место. Повеќе детали – подоцна …”, рече шефот на главниот град.

Сирените за воздушен напад претходно се огласуваа низ поголемиот дел од Украина.

Руската армија продолжува да напредува во Донбас. Стратешки важниот индустриски град Северодонецк, во областа Луганск, сега е главно под руска контрола, но украинските сили продолжуваат да пружаат силен отпор. Киев вели дека Русите ги креваат во воздух мостовите на реката Северски Донец за да ја спречат Украина да доставува воено засилување и помош за цивилите.

Гувернерот на Луганската област Серхиј Гајдаи тврди дека украинската војска успеала да врати дел од територијата на Северен Доњецк и дека би можеле да бранат делови од градот уште две недели.

Во областа Одеса две лица се повредени кога проектил удрил во магацин за земјоделски производи. Украинските власти соопштија дека неколку руски бродови за крстарење се уште се во Црното Море. Руското Министерство за одбрана потврдува дека гаѓало неколку цели на југот и североистокот на Украина.

Полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Јаблонски тврди дека претставниците на ЕУ веќе работат на седмиот пакет санкции против Русија.

„Санкциите треба да бидат уште поостри. Што се однесува до гасот, Русија сè уште може да го продава. Постои и исклучување на сите руски банки од системот SWIFT, пред се Гаспром банката“, рече Јаблонски.

Претседателот на Украина ги повика градоначалниците на американските градови да го прекинат збратимувањето со руските градови и да се приклучат во обновата на Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е од витално значење Русија да не биде понижена за да може да се најде дипломатско решение. Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека му посочил на Путин дека прави историска и суштинска грешка со нападот на Украина, на штета на сопствениот народ и на себе.

Коментирајќи ја понудата на францускиот претседател Макрон да посредува во преговорите, советникот на Володимир Зеленски рече дека нема смисла да се преговара со Русија додека руските сили не се турнат колку што е можно подалеку кон границите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП