29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата принуди половина од Германците да го „затегнат ременот“ (ИНФОГРАФИК)

Инфлацијата принуди половина од Германците да го „затегнат ременот“ (ИНФОГРАФИК)

Речиси половина од Германците не можат да си го дозволат својот начин на живот бидејќи инфлацијата продолжи да се забрзува од едно рекордно ниво на друго во последните месеци, според податоците на федералниот медиумски конзорциум „ARD“, цитиран од „Bloomberg“.

Околу 47% од испитаниците рекле дека „многу“ или „многу повеќе“ ги намалуваат своите трошоци. Во домаќинствата со ниски приходи, овој удел скока на над три четвртини. Истражувањето е спроведено меѓу 1.337 Германци во периодот од 30-ти мај до 1-ви јуни.

Инфлацијата во најголемата европска економија се забрза до 8,7% на годишно ниво во мај, поради зголемувањето на цените на храната и енергијата, за што придонесе руската инвазија на Украина. Резултатот ги надмина очекувањата на економистите, кои прогнозираа годишно ниво од 8,1 отсто. Владата на канцеларот Олаф Шолц воведе мерки за ублажување, вклучително и привремено намалување на даноците за гориво, субвенции и евтини билети за јавен превоз.

Сликата не е поинаква и во другите европски земји. Податоците на европската статистичка служба Евростат, објавени во петокот, покажаа дека продажбата на мало во еврозоната и во Европската унија (ЕУ) паднала за 1,3 отсто на месечна основа во април. За споредба во март обемот на продажбата на мало се зголеми за 0,3% и 0,6%, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП