23 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Плива“ повторно добитник на Супербрендс Македонија

„Плива“ повторно добитник на Супербрендс Македонија

pliva

Фармацевтската компанија „Плива“ вторпат е добитник на наградата Супербрендс Македонија.

Врз основа на гласовите на повеќе од 20 илјади крајни корисници и стручното жири, „Плива“ ја доби оваа награда за извонредни достигнувања и квалитет за 2013/14 година на меѓународната организација „Супербрендс“.

„Супербрендс“ се доделува на бренд кој има високо оценет квалитет, оригиналност и емоционална вредност за крајниот корисник.

Меѓународната организација „Супербрендс“ е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на брендирање, а присутна е во повеќе од 88 земји ширум светот.

– Оваа награда за „Плива“ е доказ за квалитет, високи стандарди и потврда за значењето на нејзиниот бренд на македонскиот пазар и на пазарот во целиот регион.

Задоволни сме што нашите производи се исклучително добро прифатени од страна на потрошувачите, а потврда на нивниот квалитет и супериорност во однос на конкуренцијата е и овој веќе вторпат
доделен статус „Супербрендс Македонија“, изјави Петар Велкоски, директор на Плива Скопје.

Првпат оваа награда „Плива“ ја освои во Македонија во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар