Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда“ нема да биде застапуван од „Макпетрол“.
Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол“ повеќе не е застапник на „Хонда“, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар“, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 г. Во веста се тврди дека „Макпетрол АД“ нема повеќе да биде „претставник на Хонда во земјава“, односно дека „нов претставник ќе биде „Хонда Ауто центар“.

