26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото тело во светот!

Најскапото тело во светот!

celebrity_body_35591

Повеќето од нас имаат слушнато за осигурителните полиси на ѕвездите, во кои тие ги осигуруваат делови од своето тело, кои им се особено скапи. Како на пример јазикот на Џин Симонс од „Kiss“, задникот на Џенифер Лопез и други.

Погледнете ја оваа чудна статистика за тоа како би изгледало најскапото тело, ако сите овие осигурани делови припаѓаат на еден човек:

– Косата на Трој Поламалу.

Косата на Трој Поламалу е осигурана на 650.000 фунти.

– Насмевката на Џулија Робертс.

Робертс ја осигура својата насмевка на 19.7 милиони фунти.

– Градите на Доли Партон.

Кантри пејачката има осигурување од 2.5 милиони фунти за своите гради.

– Рацете на Кит Ричардс.

Гитаристот има осигурување за рацете од 1 милион фунти.

– Нозете на Мараја Кери.

Нозете на пејачката имаат осигурување од 660 милиони фунти.

– Нозете на Дејвид Бекам.

Познатиот англиски фудбалер своите нозе ги има осигурано на 46 милиони фунти.

– Задникот на Џенифер Лопез.

Овој дел од телото на Лопез е осигуран на 17.5 милиони фунти

– Гласот на Брус Спрингстин.

Пејачот го осигура својот глас за 4.5 милиони фунти.

– Јазикот на Џин Симонс.

Музичарот од „Kiss“ е познат по долгиот јазик, кој е осигуран за 650.000 фунти.

– Влакната на градите од Том Џонс.

Ќе изгледа чудно, бидејќи се одлучивме да ги претставиме градите на Доли Партон, но сепак овие влакна за осигурани за 4.5 милиони долари.

– Нозете на Мајкл Филатли.

Танчерот има осигурување на своите нозе од 26.3 милиони долари.

Бонус:

Дејвид Ли Рот ја осигурал својата сперма на 650.000 фунти.

Ова тело можеби ќе изгледа доста чудно, но пак ќе има заедничко осигурување од 784.150.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП