16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот ослабе, цената на нафтата благо падна

Доларот ослабе, цената на нафтата благо падна

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 101,7 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 130,1 на 129,8 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0750 долари, додека вчера во ова време беше 1,0655 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот раст. Членките на ОПЕК вчера одлучија да го зголемат производството за 648.000 барели дневно во јули и август – повеќе од очекуваното, за да ја компензираат руската нафта на пазарите, имајќи предвид дека Европската унија го забрани увозот на руска нафта.

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,07 отсто, на 117,54 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,13 отсто, на 116,72 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП