Две недели откако беше претставен „Range Rover Evoque“ врз кој беа извршени мали промени за да се одржат добрите продажни резултати, на ред дојде и најстариот модел во понудата на британската куќа, „Land Rover Discovery“.

Веќе на прв поглед може да се забележат новите предни светла со интегрирани дневни светла, новата решетка на ладилникот и предниот браник, кои сега се во духот на најексклузивниот модел во понудата, „Range Rover“. Новина се и тркалата кои се со модерен дизајн и пакетот „Black Design“ кој вклучува затемнети стакла и детали на надворешноста во сјајно црна боја.
Погонските единици не претрпеа големи промени, освен оптимизираниот „SDV6“ 3-литарски дизел мотор кој доби „ZF“ 8-степена трансмисија, па емисијата на „CO2“ падна од 230 грама на 213 грама по километар. Малку подобрена е и потрошувачката на гориво, па сега изнесува 8 литри на 100 km во комбинирано возење. Овие резултати можеби не делуваат спектакуларно, но треба да се има во предвид дека „Discovery“ тежи дури 2570 kg. Со 256 KS и 600 Nm моторот „SDV6“ е во состојба да го забрза возилото до „стотка“ за околу 9 секунди и да ја оствари максималната брзина од 180 km/h.