22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена карта на Европа според великодушноста на домаќините - каде е Македонија?

Објавена карта на Европа според великодушноста на домаќините – каде е Македонија?

На социјалните мрежи се шири интересна мапа на Европа, која покажува дали како гостин во европските земји ќе ве послужат со храна. Проверете во која од следните категории спаѓа Македонија: „речиси секогаш“, „најверојатно да“, „најверојатно не“ и „речиси сигурно не“. Што мислите?

Мапата е објавена на профилот на Инстаграм @loverofgeography, а со објавата пишува дека мапата покажува каде имате најголеми шанси „домаќините спонтано да ви понудат храна“.

Иако подолу е наведено дека мапата не е направена со некоја супер професионална методологија, сепак изгледа доста прецизно и пред се забавно.

Во земјите каде што сигурно нешто ќе јадете како гости се сите земји од Балканот и медитеранскиот појас, со исклучок на Франција и северна Италија. Двата региона се најдоа во категоријата „најверојатно да“ заедно со Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка и источноевропските земји, вклучувајќи го и Балтикот. Ирците и Шкотите се исто така вклучени во оваа категорија.

Нивните соседи, Англичаните и Велшаните, се во третата категорија, заедно со северот на Франција, Белгија, како и земјите од германско говорно подрачје, додека според оваа карта најмалку ќе се најадете во домаќинствата во северна Германија и Скандинавија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП