25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPublicis Groupe ја купи платформата Profitero

Publicis Groupe ја купи платформата Profitero

Profitero е глобална SaaS платформа која им помага на брендовите да ги анализираат и оптимизираат: продажбата, маркетингот и оперативниот перформанс на повеќе од 700 сајтови за малопродажба ширум светот и преку 70 милиони производи.

Publicis Groupe ќе ги комбинира податоците за производи и аналитика кои се сметаат за водечки во индустријата, со податоците од медиумите, за да обезбеди неспоредливи можности за брендовите да ја зголемат својата онлајн продажба.

Publicis Groupe денеска ја претстави аквизицијата на Profitero, светски водечка SaaS платформа за трговија која им помага на брендовите да ја забрзаат комерцијалната продажба и профитабилноста.

Решенијата на Profitero обезбедуваат функционален увид и видливост на производите на повеќе од 4.000 брендови и 70 милиони производи на повеќе од 700 веб сајтови за малопродажба, во над 50 земји секој ден.

Со оглед на тоа што линијата помеѓу офлајн и онлајн купувањето полека исчезнува, а продажбата се повеќе е под влијание од дигиталните алатки, понудата на Profitero за е-трговија и аналитика на сите канали, им овозможува на брендовите да го предвидат, активираат и автоматизираат следната најдобра активност за да поттикнат профитабилен раст за секоја ставка од нивниот каталог на производи.

Преку здружување на силите со Publicis Groupe, Profitero ќе добие пристап до потребните ресурси и способности за проширување на своето аналитичко јадро. Како резултат на тоа, ќе стане првата глобална трговска платформа која навистина ќе ги зајакне брендовите со користење на предвидлива интелигенција за да го обезбеди најдоброто искуство со производот, да ја оптимизира содржината, да ги зголеми резултатите од органското пребарување, да ги споредува цените со конкурентите, да ја следи достапноста на производите и да ги следи оценките и прегледите на клиентите, меѓу другото.

Производите, технологијата и 300-та вработени на Profitero дополнително ќе ги зголемат и надополнуваат постоечките трговски способности на Publicis Groupe ширум светот. Publicis сега е уникатно позициониран да им помогне на своите клиенти експоненцијално да ја зголемат својата онлајн продажба со обединување на четирите стратешки столбови:

  • Производ: Комбинацијата на платформата за Комерцијална интелигенција на Групацијата и Profitero ќе им помогне на брендовите да го максимизираат перформансот на производот во однос на нивната конкуренција низ повеќе метрики, вклучувајќи ги платеното и органското пласирање на содржината на производот, цената, достапноста на производите и рецензии од преку 700 малопродажни компании преку следење и анализирање на над 70 милиони производи.
  • Пласман: Способност да се испорача медиумско планирање за малопродажба за да се менаџира со пласманот на рекламите и да се оптимизира потрошувачкото искуство, преку CitrusAd, водечко име во медиумите за малопродажба.
  • Платформи: Подобро искуство низ патувањето на потрошувачите и поголема агилност и побрзо време за пазарење за потрошувачите, преку водечка експертиза за деловна трансформација на Publicis Sapient, комбинирајќи консалтинг, дизајн и инженерство за да се изградат бизниси базирани на платформа, комбинирајќи маркетинг, продажба и услуги.

Профитеро ќе остане компанија фокусирана на производи во рамките на Publicis Groupe, предводена од извршниот директор Брајан Винер и претседателката Сара Хофстетер.

Винер ќе биде одговорен пред претсетаделот и извршен директор на Publicis Groupe, Артур Садун, кој изјави: „Преку додавање на Profitero на нашето веќе постоечко портфолио, сега сме уникатно позиционирани низ сите четири стратешки столбови кои не’ поврзуваат со клиентите, со цел да обезбедиме голем дел од експоненционалниот раст на онлајн продажбата. Со нас, нашите клиенти со леснотија ќе ги разберат луѓето, ќе научат како да купуваат подобро од сите останати – благодарение на Epsilon, да го оптимизираат нивниот онлајн каталог на производи – благодарение на Profitero; да го максимизираат нивното онлајн трошење во малопродажба – благодарение на CitrusAd и обемот на Publicis Media. И тие ќе можат да испорачаат уникатни, креативни искуства на клиентите, преку платформи поддржани од инженерската експертиза на Publicis Sapient. Со задоволство ги пречекувам Сара, Брајан и нивниот извонреден тим експерти во семејството Публицис“.

Брајан Винер, извршен директор на Profitero, рече: „Ова е најдоброто од двата света бидејќи го задржуваме нашиот претприемачки дух како организација предводена од производи, додека истовремено извлекуваме корист од различните способности и размерот на Publicis Groupe. Ова им носи непосредна вредност на нашите клиенти и вработени со зголемени инвестиции во производи и технологија, внесување на нови медиуми и способности за активирање содржини и искористување на глобалниот талент на Групацијата за да го поттикне нашиот континуиран раст“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП