Вчера, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, се отвори книжарница на Тримакс. Таа ќе им овозможи на учениците и нивните родители полесно да ги обезбедат потребните материјали за целата училишна година, и да се заштитат учениците од непотребно изложување на опасности и преминување на булеварот.
На свечениот настан по тој повод, в.д. директорката м-р Магдалена Петреска, ја истакна одличната соработка со Тримакс и значењето на новоотворената книжарница токму во училишен двор, како и улогата на општината и на нивната визија за подобрување на работата на училиштата и на образованието во целата општина. Таа изрази благодарност и до Училишниот одбор и до Советот на родители за нивната поддршка на иницијативата за отварање на книжарница во училиштето.



