29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше најдолгиот „Land Rover“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

Дебитираше најдолгиот „Land Rover“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

„Land Rover Defender 130“ дебитираше денес како најголем модел во новата генерација на овој теренец, со седишта за најмногу осум патници, многу стандардна опрема и електрифицирани мотори.

Најголемиот „Defender“ во историјата со 5.358 mm е подолг од верзијата 110 за цели 340 mm, што е видливо во продолжениот заден дел на каросеријата. Обезбедува повеќе простор во кабината за третиот ред седишта, давајќи му на робусниот „SUV“ опција за конфигурирање на седишта со 2 + 3 + 3.

Багажниот простор исто така има корист од подолгата должина на возилото и сега нуди од 389 литри со исправени потпирачи за грб сите три реда седишта, над 1.232 литри кога третиот ред е преклопен, до дури 2.291 литри со вториот и третиот ред на преклопени седишта.

Во конфигурација со пет седишта, „Defender 130“ има 1.232 литри товарен простор на стартот, а со преклопена задната клупа, волуменот се зголемува до максимални 2.516 литри.

„Land Rover“, исто така, им понуди на клиентите нова надворешна боја наречена „Sedona Red“, која може да се нарача само на моделот „130“.

Голем мултимедијален систем од 11,4 инчи е стандарден на целата линија на возила, како и систем за воздушно потпирање за подобрен комфор и можности за теренски пат.

За време на лансирањето, во Европа ќе бидат достапни три различни „лесни“ хибридни погони. Во срцето на едниот е дизелот, а во другите два бензинец.

Љубителите на возење надвор од патот ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека дизел моторот „Ingenium D300“ е во понуда со 299 ks (220 kW) и 650 Nm вртежен момент. Дополнително, достапни ќе бидат и два бензински мотори, исто така со „лесна“ хибридна помош.

„P300“ е линиски 6-цилиндричен со 303 ks (223 kW) и 470 Nm. Клиентите кои сакаат поголема моќност можат да се одлучат за „P400“ кој користи и 6-цилиндричен бензински мотор како основа, но има 405 ks (298 kW) и 550 Nm вртежен момент.

Цената на „Land Rover 130“ во Велика Британија започнува од 73.895 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП