29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија им го олеснува пристапот на мигрантите до пазарот на трудот

Германија им го олеснува пристапот на мигрантите до пазарот на трудот

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл (СПД) планира да го реформира Законот за имиграција на квалификувани работници од странство. Владата во Берлин сака да им го олесни „влегувањето“ на мигрантите на германскиот пазар на труд.

Ќе им овозможиме на луѓето кои сакаат постојано да останат и да работат со нас“, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл за актуелниот број на дневниот весник „Функе-Медиенгрупе“, пренесува ДВ.

Тој нагласи дека мора да се реформира комплетната миграциска политика во Германија. Политичарот на германските социјалдемократи (СПД) потврди дека во моментов работи со сојузната министерка за внатрешни работи и неговата колешка од партијата Ненси Фезер на „понатамошен развој“ на Законот за имиграција на квалификувани работници.

Според него, целта е да се поедностави процесот на ангажирање на квалификувана работна сила од странство. Новите правила треба да стапат во сила од среда, 1 јуни.

„Прашање на разумот“

Во тој контекст, министерот Хејл ги наведе и најновите искуства во однос на прашањето за прифаќање бегалци од Украина: „Со влегувањето во овие основни системи за заштита на 1 јуни, можен е успех на интеграцијата на овие луѓе на пазарот на трудот“, рече тој.

Горниот дом на германскиот парламент (Бундесрат) пред десет дена усвои закон со кој, меѓу другото, се предвидува бегалците од Украина да имаат право на исплата на социјална помош во Германија од 1 јуни годинава.

Досега важеше дека бегалците добиваат (финансиски помала) помош дефинирана со Законот за баратели на азил. Така, бегалците од Украина ќе го добијат истиот статус како и сите луѓе на кои им е одобрен азил во Германија.

„Ние им овозможивме на овие луѓе да работат со нас“, рече Хејл, додавајќи дека тоа е „прашање на разум“.

Цел – подобра интеграција од 2015 година

Според него, интеграцијата на бегалците овојпат треба да се организира поинаку отколку за време на бегалската криза пред седум години: „Мислам дека овојпат ќе успееме подобро отколку во 2015 година“, додаде министерот за труд.

Целта на германската влада е да се одвива комплетната процедура за да биде можна „што поголема контрола“ на целиот процес.

Германскиот пазар на труд долго време има недостиг на квалификувана работна сила. Во многу индустрии, работодавците не успеваат да пополнат работни места. Од стопанството често може да се слушнат критики на комплицираните правила за „привлекување“ на работна сила од странство. Владата веќе реагираше и донесе некои олеснувања во последните месеци.

Недостаток на инженери

Дека недостатокот на работна сила е огромен проблем за германската економија покажуваат и неодамна објавените податоци во технолошкиот сектор. Здружението на германските инженери (ВДИ) по повод индустрискиот саем во Хановер соопшти дека во моментов на Германија и недостасуваат дури 150.000 инженери.

Ова е рекордно висок број на слободни работни места во индустријата од почетокот на статистиката во 2011 година, тврди VDI, додавајќи дека поради недоволниот број експерти, под знак прашалник е и успехот на енергетската транзиција во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП