17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните утре да се подготват за нова ценовна шлаканица!

Граѓаните утре да се подготват за нова ценовна шлаканица!

Утре граѓаните треба да очекуваат нови, повисоки цени на основните прехранбени производи. Причина за тоа е крајот на времената мерка за ограничување на маржите во малопродажбата како и кај трговијата на големо. Властите решија да не ја продолжуваат оваа превентивна мерка, а граѓаните сега се загрижени до каде може да одат новите цени. Експертите предупредуваат дека е потребна нова мерка за заштита на стандардот на граѓаните. Од Народната банка пак набрзо очекуваат стабилизација на ценовниот шок.

Главната дилема денеска на граѓаните е за колку од утре ќе се зголемат цените на храната по укинувањето на ограничените маржи во трговијата. Статистичкиот раст на платите во државата ни од далеку не го почуствуваа македонските домаќинства. Цените секојдневно растат, трошоците за живот континуирано се зголемуваат а куповната моќ на граѓаните е на очајно ниво. Податоците од терен велат дека и покрај ограничената заработка на трговците, по серијата на раст на цените на суровините, на струјата, на транспортот, па и на работната сила, сите овие трошоци производителите одамна ги вкалкулираа во нова повисока цена на производите кои граѓаните секојдневно ги купуваат. 

Заклучно со денешниот ден маржите во малопродажба се ограничени на пет отсто кај лебот, солтта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и  сончогледовото малсо за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Потоа на оваа листа се наоѓаат и сирењето, урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата како и овошјето и зеленчукот. Ова се всушност  и производите кои домаќинствата најчесто ги купуваат. Загрижувачки е сега по која цена ќе треба од утре да го прават истото или едноставно да се откажат од дел од нив.

Од министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, со оглед на фактот дека на тој начин би можело негативно да се влијае врз работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност. 

Од Народната банка ја смитуваат состојбата и велат дека овој ценовен шок нема да биде драстичен. По глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергентите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу 3% следната година.

„Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента. Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал“, велат од Народната банка. И додека властите се фалат дека просечната плата достигнала 500 евра, Сојузот на синдикати на Македонија објави дека на едно четиричленосемејство му се потребни 38 илјади денари за достоинствено да го протурка месецот. Не на годишно, туку на месечно ниво трошоците за домување се зголемени за цели 1350 денари, пресметале синдикалците. Речиси 50 отсто ли близу 16 500 денари се потребни за основните прехранбени производи, трошоците за сметки достигнуваат и до 12 илјади денари. Да не заборавиме дека следниот месец за домаќинствата се подготвува и нова повисока цена на електричната енергија, а растот на цената се очекува да биде најмалку 10 отсто. 

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП